50 лица починаа, а речиси 400 се отруени од метанол


Најмалку 51 лице починаа, а речиси 400 се хоспитализирани во Либија поради труење со фалсификуван алкохолен пијалак направен на база на метанол, соопшти денеска либиското Министерство за здравство.  

Woman Drinking1Министерството наведува дека 38 луѓе починале во болниците во Триполи, а уште 13 на пат кон соседен Тунис, каде се надевале дека ќе добијат адекватна лекарска нега.

Од саботата до денеска најмалку 378 луѓе имале симптоми на труење откако конзумирале отровен пијалак.

Портпаролот на либиското Министерство за внатрешни работи изјави дека е покрената истрага за да се откријат одговорниоте за производството на отровниот пијалак.

Шефот на санитарната служба во медицинскиот центар во Триполи, Јусеф ал-Вафи наведе дека прелиминарната анализа покажала дека симптомите на труење се појавиле по конзумирањето на фалсификуван алкохолен пијалок кој содржел метил-алкохол.

Метил-алкохолот или метанолот е производ кој може да предизвика откажување на бубрезите, слепило или епилептичен напад, па дури и смрт.

Лицата кои конзумирале отровен алкохол се на возраст од 19 до 50 години.

Во Либија е забранета продажбата и конзумирање на алкохолни пијалци, иако може да се купи на црниот пазар. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1