Девствените острови-рај за бизнисмените, без криминал и невработени


 Девствените острoви се нагласено замаглен поим дури и за просечно образуван човек, бидејќи тешко е да се најдат на стандардните географски карти. За споредба, тоа е како кога просечниот Американец на картата на Европа треба да го бара Мариово. Островите се наоѓаат на шеесетина милји источно од Порторико и 1.100 километри југоисточно од Флорида. Тука жиеат само нешто повеќе од 30.000 жители.

devstveni ostroviДевствените острови се сочинети од стотина помали острови, распротрени во Карипско море. Четириесет острови се под заштита на британската круна, додека 60-те преостанати се под патронат на САД. Американците во 1917 година ги купиле овие острови за пет милиони долари во злато. Американските Девствени острови денеска се туристички рај, додека британските острови израснаа во царство на офшор бизнисот, односно во единствен азил на светскиот финансиски криминал. Овде е собран кремот на белосветските финансиски манипулатори од сите  пет континенти.

На островите се регистрирани неверојатни 380.000 меѓународни компании, а овој број секојдневно се зголемува. Посебниот шарм на овие острови е во тоа што на сопственците на овие  компании е невозможно да им се влезе во трагата. Локалните власти не ги интересира кои се вистинските сопственции на тие компании.

Фирма на Девствените острови се „формира“ за помалку од пет минути. Оние кои мразат да летаат со авион цели 35 часа до оваа карипска убавина, а се присилени да се погрижат за својот капитал, фирма можат да основаат и по телефон.

Локалната власт на секој бизнисмен му гарантира целосна анонимност. Иако е општо познато дека Девствените острови се царство на сомнителни пари, локалните власти постојано истакнуваат дека „борбата против меѓународниот финансиски криминал е главна одредница на владината политика“.

На локалните власти единствено им  е важно уредно да се намират месечните „трошоци за оддржување“ во износ од 500 до 700 долари, што е, кога се ќе се собере, повеќе од солиден приход за дваесетината илјади жители, колку што живеат на најголемиот остров Тортола и главниот град Род Таун.

Само по овој основ, што значи ни лук јал, ни лук мирисал, локаланите власти годишно инкасираат повеќе од 150 милиони долари. Затоа и не помислуваат да воводат даноци.

Најмногу пари, сепак, носи туризмот, што е во голема експанзија. Овде нема невработени. Сите работат и по неколку работи. Нема ни криминал. Во локалниот затвор има места само за двајца престапници кои за време на викендите ги исфрлаат од  затворот бидејќи нема кој да ги чува. До скоро за редот и мирот на  островот се грижеа двајца полицајци. Заради развојот на туризмот сега ги има дваесетина.

Еден од  потешките престапи на Девствените острови е пушењето на јавно место. Неупатениот гостин тоа задоволство може да го чини казна од 500 долари

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1