Кој ќе се замери со оваа прва дама одма го фрлаат во затвор (Фото)


mehriban-aliyeva2Мехрибан Ариф Алијева е веројатно 48-годишна жена за која никогаш не сте слушнале, но таа е сопруга на претседателот на Азербејџан Илхам Алијев и важи за многу популарна во својата земја и регионот.

Таа важи за модна икона во својата земја за која пишуваат сите модни списанија и блогови, а нејзиниот стил на облекување вклучува и чевли од Лоуботин и фустани од познатите светски дизајнери.

Сепак, мора да се спомене фактот дека многу новинари од Азербејџан завршиле во затвор, бидејќи пишувале нешто против неа и нејзиното семејство, па поради тоа за нејзиниот стил буквално нема никаква критика.

Некогаш многу убавата Мехрибан, денес изгледа сосема различно, но не поради годините, туку поради нејзините многубројни пластични операции на кои се подложила.

mehriban-aliyeva3

mehriban-aliyeva5Таа доаѓа од угледно семејство, а моминското име и е Мехрибан Пашајева. Нејзиниот дедо бил познатиот писател Мир Јалал Пашајев, додека нејзиниот татко бил првиот амбасадор на Азербејџан во САД, Хафиз Пашајев.

Самата Мехрибан завршила студии по медицина и долго била претседателка на гимнастичарската федерација на Азербејџан, а денес е мајка на три деца и баба на две внучиња.

Семејството Алијеви располага со милјарди долари од нафта, па затоа не е чудно што нејзиниот 11-годишен син потрошил 40 милиони долари за да си купи неколку палати.

Постарите ќерки работат, па така Лејла Алијева преку две странски компании контролира дел од азербејџанскиот телеком „Азефон“, а другата ќерка Арза го контролира аеродромот во Баку.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1