Холивуд во паника – хакирани куп ѕвезди – жртва на хакерите и Мишел Обама


Анонимен хакер објави лични и финансиски информации за десетина политичари и ѕвезди во САД, меѓу кои Хилари Клинтон, Џо Бајден, Ким Кардашијан, Џеј Зи и Бијонси.

0312-obama-3

Според весникот „Холивуд репортер“ и полицијата во Лос Анџелес во тек е истрага во врска со објавување на Интернет на броевите на социјално осигурување, хипотекарни и банкарски сметки, податоци за лизинг на автомобили и детали од кредитни картички.

Меѓу засегнатите се и Парис Хилтон, Ештон Качер и Мел Гибсон, директорот на ФБИ Роберт Милер, министерот за правда Ерик Холдер и началикот на полицијата на Лос Анџелес Чарли Бек.

А според последните потврдени информации од ФБИ на листата е и првата дама Мишел Обама. Хакерите објавиле нејзини телефонски броеви, салдо на кредитни картички и еден куп други информации а под тоа пишале. Мишел за ова обвини го твојот сопруг – ние се уште те сакаме. ФБИ изјавил дека во тек е истрага. Според неофицијални информации хакерите се Руси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1