Доктор од Итната помош претепан – му го попречил патот на сограѓанин


brza pomosИнцидентот се случил во текот на вчерашниот ден во 11 часот, на улицата „Ферид Заири“ во Скопје.

Откако 64-годишниот А.Т. вработен како доктор во Итната медицинска помош-домашна посета, го паркирал своето службеното возило, бил физички нападнат од страна на исто така 64-годишниот З.Р., кој го удирал со тврд предмет во пределот на главата и телото.

Причина за нападот е тоа што А.Т. со возилото му го попречил движењето на З.Р. по улицата.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1