Откритие: Отровот од пчелата ја убива Сидата


Откритието на истражувачите од Универзитетот „Вашингтон“ во Сент Луис е важен чекор во борбата со опасниот вирус кој предизвикува сида. Резулатите од новата студија покажуваат дека наночестичките кои го пренесуваат токсинот пронајден во отровот на пчелата можат да го уништат вирусот на ХИВ, додека останатите клетки остануваат недопредни.

pcela medОва откритие е многу важно бидејќи води кон правење вагиналн гел кој би можел да го спречи понатамошното ширење на болеста.
Клучот на открието лежи во цитолитичниот пептид мелитин пронајден во отровот на пчелите кој има способност да ја разгради заштитната обвивка околу вирусот.
– Ги напаѓаме физикалните својства на вирусот на ХИВ. Теоретски, не постои начин вирусот да се адаптира на тоа. Вирусот има заштитна обвивка која се состои од два слоеви на мембрана – рекле истражувачите.
Истиот концепт би можел да се примени и на болестите како хепатит Б и Ц. Оваа студија е прв доказ дека терапевтската и сигурна употреба на наночестичките може да служи во борбата против ХИВ.
Според податоците на Фондацијата за истражување на сида, повеќе од 34 милиони луѓе во светот живеат со оваа болест. Од тоа 3,3 милиони се помлади од 15 години. Секој ден во светот со ХИВ се заразуваат речиси 7.000 луѓе

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1