Есма во црвено – жолта комбинација ќе го освојува Малме!


Како шо известува дневниот весник “Вест”, евровизиските претставници напорно се подотвуваат да ја освојат сцената во Малме, Шведска. Покрај постојаните проби за нивниот официјален настан, тука се и подготовките околу нивниот изглед.

esmaИзборот за гардеробата падна на модната куќа “Елена Лука”…Креацијата со Есма со која ќе се појави на сцената во Малме на 16 мај, ќе биде во боите на Македонија. За Реџепова дознавме, но за Лозановски сеуште не.

Според извори на “Вест”, за стајлингот на младиот пејач сеуште биле во преговори…

“Моделот и фустанот ќе бидат во мој стил, долг и раскошен. Но сакам да бидам облечена во боите на Македонија. Сепак сеуште има време да се види како се тоа ќе биде искомбинирано, заедно со Влатко. – изјавила Есма за дневниот весник “Вест”.
Во интервјуто кое Есма го дала за Вест, додала и дека целата евровизиска екипа во Малме ќе пристигнела десетина дена порано, се со цел да имаат можност да се дружат со останатите претставници, да присуствуваат на предевровизиските забави, и секако имаат доволно време за генерални проби кои се клучен момент за успешен настап.

Вест

esma fustan

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1