Бебе изрешетано со 5 куршуми – мета бил таткото кој тогаш и менувал пелени (Видео)


322222_dzonila-01_ff6 месечната Џонила Воткинс е убиена со 5 куршуми. Мета на убиецот бил нејзиниот татко кој е во критична состојба и е во болница, но малечката Џонила немала шанси – починала на место.
Во моментот на нападот таткото на Џонила, Џонатан Воткинс, и менувал пелена на својата ќерка во автомобилот на совозачкото седиште.

Напаѓачот ненадејно отворил оган врз нив од автоматско оружје и веднаш избегал со комби, кое го чекало во близина.

bebe ubienobebe ubieno2
Џонила имала рани на градите, стомакот, едната нога и рамото, а во болница била подложена на 5 часовна операција, која не ја преживеала. Нејзиниот татко исто така бил тешко ранет во нападот и се наоѓа во критична состојба.

bebe ubieno3„Утринава загина едно бебе. Ова е уште една голема трагедија во градот Чикаго. Градот Чикаго би требало да биде бесен поради тоа што едно шестмесечно бебе во него може да биде убиено на овој начин“, изјавил свештеникот Кори Брукс.
Свештеникот додал и дека неговата црква „Нов почеток“ ќе даде награда од 5.000 долари за каква било информација за убијците на бебето.
Причина за нападот според полицијата е најверојатно пресметка меѓу банди.

Полицијата соопштила дека таткото на бебето има докажани врски со бандите во Чикаго.
„Ниедно дете, а особено не бебе, не би требало да биде жртва на поврзаност со бандите. Цел на нападот очигледно бил таткото“, изјавил портпаролот на чикашката полиција Гери Мекарти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1