Некогаш: Луѓето ограбуваа банки – Денес: Банките ограбуваат луѓе


Легализирана кражба. Очигледно е дека само имагинацијата е таа која што ги ограничува банкарите да дојдат до нови такси. Дали се работи за вадење на картички или нешто друго, никој не може да ги спречи во намерата да го исцедат и последниот денар од џебовите на граѓаните.

cards_1774129bНекогаш беше лесно со чекови и пари кога се плаќаа сметките и се набавуваа основните продукти. Денеска постојат толкав голем број на картички, што доколку во случај изгубите една, банките ќе ве исцицаат за да ви направат нова.

Банките имаат право да наплатат некои работи како што е на пример опомената, но не можат да наплатат на пример 1000 денари, или како лизинг на куќата 2000 денари, туку да ги покријат своите трошоци за печатење и поштата.

Тие се дрзнуваат и користат дополнителни средства за да се збогатат, а државата сето тоа им го дозволува. Се се сведува на имагинацијата на банкарите.

Пример – 

Само обидете се да затворите сметка во банка. Се чини како невозможна мисија. Ќе ве препраќаат до правни служби, ќе ве убедуваат дека нема потреба да ја затворите сметката односно дека тие не затвраат сметки туку ако 2 години не е активна (нема прилив на пари и одлив) тогаш автоматски се затвара.

А забораваат да ви кажат дека годишното ,,одржување,, на сметката колку и да е мало се книжи и ви се смета како активност – односно долг. Па може да ви се случи по неколку години да ви дојде убава сума за плаќање.

Совет – бидете упорни дури ако треба и дрски и барајте да ви се затвори сметката по секоја цена.

19176-banka2Но и тука ќе наидете на мал проблем со плаќање – имено некои банки кај нас почнаа да наплатуваат за секоја издадена потврда.

Пример за да ви дадат потврда дека не и должите ништо на банката или дека не поседувате веќе активна сметка кај нив тоа си го наплаќаат. Една банка бара дури 200 денари за едно обично ливче.

Совет – подобро платете си 200 отколку да ве боли глава по некоја година.

Постојат огормен број на такси кои се наплаќаат, а истите ги нема никаде. Зошто банката им наплатува на клиентите одржување на сметките кога веќе има корист од самото тоа што граѓаните им ги даваат парите секој месец.

Експертите велат дека граѓаните мораат да го повлечат првиот потег и да ги променат банките кои им наплаќаат висока провизија, која често се разликува и до неколку пати, од банка до банка. Но, тие тоа не го прават, а постои и некои вид на монопол кај четири или пет банки, кои ги држат сите клиенти.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1