Ова е новиот наслов на македонската Евровизиска песна


lozano-i-esma1

Primetime.mk објавува дека се знае новиот наслов на евровизискта песна која ќе ја претставува Македонија во Малме, Шведска. Нејзиното име е „Пред да се раздени“, а дел од текстот е „Пред да се раздени, во новиот ден да сме јас и ти…“. За почеток, содржи дури и повеќе зборови од цела „Империја“.

Автори на музика и аранжман се Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а автор на текстот е Магдалена Цветковска – Ена. Делот кој ќе го испее Есма е дело на нејзиниот син Симеон Атанасов, кој претходно работеше и на „Империја“.

Песната ќе биде презентирана вечер, во 19:00 на првиот канал на Македонската Телевизија, откако „Империја“ беше неславно испратена во историјата.

Извор – Primetime.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1