Виолината од оркестарот на Титаник, пред јавноста


Виолината на еден од музичарите кои свиреа на палубата на „Титаник“ додека бродот тонеше, прв пат е понудена за прикажување во јавноста, пренесува МИА  

14032013174024_violina od titanikИнструментот за кој се мисли дека е досега најзначајниот предмет од несреќниот брод што потона на своето прво патување преку Атлантикот, ќе биде изложена во Градската куќа во Белфаст, во чие бродоградилиште „Титаник“ беше изграден и пуштен во вода.titanikВиолината на бродскиот музичар Валас Хартли се мислеше дека е засекогаш загубена, по катастрофата на бродот кој брзо потона на 15 април 1912 година, по сударот со една голема санта мраз во северниот Атлантик.Инструментот беше пронајден во 2006 година во шупата на една куќа на еден музичар аматер кој виолината ја добил од својата учителка по музика.

Седум години траеше експертизата, испитувањето и тестовите за да се утврди дали навистина станува збор за автентичниот инструмент од „Титаник“ пред виолината да се појави пред јавноста.

TITANIC-HISTORY-100YEARS-DISASTER-BRITAIN-SOUTHAMPTONЕкспертите утврдија дека станува збор за виолината на која свирел Хартли пред да се удави во водите на Океанот, заедно со уште 1.500 други патници и членови на екипажот.

Виолината е изработена од дрво од роза и е во добра кондиција иако поминала во водите во океанот, пред да биде најдена. Таа се проценува дека сега вреди стотина илјади фунти.

Инструментот на кој свирел несреќниот виолинист на својот последен настап му го купила неговата свршеница и му го подарила во 1910 година, за да ја одбележат нивната свршувачка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1