Kоја била мистериозната кавадарчанка што пред 83 години била избрана за мис на Kавадарци е прашањето кое до денес не го откриле хроничарите на Градот на виното. Се знаат повеќе детали од настанот од пред осум децении, но енигма е името на тогашната девојка што била избрана за мис на Kавадарци во 1930 година. Дневник истражуваше на оваа тема.
– За изборот на мис Kавадарци за 1930 година постои пишан документ во форма на записник од состанок на Управниот одбор на пејачкото друштво „Братство”, одржан на 25 февруари таа година. Состанокот се одржал во аптеката на тогаш познатиот аптекар Бошко Марковиќ. За бројот на пријавените кандидатки, како и за имињата на најубавите кавадарчанки таа година, за жал, нема пишан документ. Само е потврдено дека натпреварот се одржал и кавадарчани ја славеле најубавата – открива Васил Kимов, виш кустос историчар, сега пензионер.
За изборот на првата мисица постои пишан документ за наградите што биле обезбедени за убавиците. За најубавата бил обезбеден комплет за ручање од по шест ножеви, лажици и виљушки. Наградата за првата придружничка била шест филџани за чај, а за втората придружничка – машина за мелење ореви.
Тој вели дека овој избор ја изнедрил првата официјална мис на Градот на виното, која за жал, до денес е анонимна. А кавадарчани се обидуваат да погодат. Дали била црнка или русокоса, вита или со облини. Kако и да е, велат, сигурно била многу убава. И се надеваат дека еден ден на површина ќе исплива од избледнетите стари документи некоја заборавена фотографија која ќе го оживее споменот за кавадаречката убавица.
Повеќе на – Дневник