Еве што најдоа хакерите: Мишел Обама доцни со рати, Бјонсе сите пари ги дала на мажот


Мишел Обама доцни со ратите, Арнолд Шварценегер има најголем кредитен лимит, Бијонсе сите пари му ги дала на сопругот, а државниот обвинител има кредитен лимит од 776.000 долари.

poznati-yvezdi-260x173„Мишел Обама има лоша навика да не ги плаќа своите рати за кредит на време“, објавија руските хакери на сајтот www.exposed.com.


Покрај ова, објавени се и состојбата на сметките, финансиските и лични податоци на многу познати личности од светскиот шоубизнис.

Парис Хилтон троши 19.000 долари за отплата на кредитните картички на месечно ниво.

Нејзиниот вкупен долг кон банките од кои земала кредит за куќа и лизинг изнесува 100.000 евра месечно. Државниот обвинител има кредитен лимит од 776.000 долари и има десетина отворени сметки.

misel-obamaНа првата дама на Америка, хакерите и оставија порака: „За ова обвинувај го твојот сопруг, ние сеуште те сакаме, Мишел“.
Меѓу останатото, Мишел имала и девет сметки кои ги затворила пред нејзиниот сопруг да стане претседател на Америка.

Што се однесува до сметката на актерот Мел Гибсон, јасно стои дека тој моментално располага со 164.000 долари, но и дека многу пати досега ги губел кредитните картички кои можеби биле и украдени.

Ештон Качер на својата кредитна картичка има 4,5 милиони долари и отворени пет сметки.

-bijonse2Изгледа дека Бијонсе сите нејзини пари ги ставила на сметка на својот сопруг, раперот Џеј Зи. На нејзината картичка има лимит од 35.000 долари, додека нејзиниот сопруг располага со 6,6 милиони долари кредитен лимит.

Актерот Арнод Шварценегер забележал рекорден број на кредитни картички кои ги поништил затоа што биле украдени или ги изгубил. „Терминатор“ има повеќе од 35 милиони долари одобрен кредитен лимит.

Ѕвездите кои се нашле под будното око на јавноста се Ким Кардашијан, Хилари Клинтон, Џо Бајден, Бритни Спирс, Доналд Трамп.  ФБИ интензивно трага по хакерите кои направија хаос во Америка.

Единствената трага која сега ја имаат за криминалците е тоа дека домејнот на нивниот сајт е „su“, а тоа беше државен код за СССР во краткиот период од 1990 до 1991 година кога земјата престана да постои.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1