Банки крвопијци: За стамбен кредит и крвна слика и тест за СИДА


Најтешко е од банка да се добие станбен кредит бидејќи покрај многубројните документи кои банките ги бараат, клиентите мораат поради осугурување на животот да платат и лекарски преглед, а во некои случаи и да приложат негативен резултат на тест за Сида. Се поголем бил бројот на банките во Србија кои не даваат кредит доколку не им доставите крвна слика. 

Всушност овие услови ги поставуваат осигурителните компании, но банките без уплатено осигурување не ни ги разгледуваат барањата за хипотекарни кредити. Но ова не е случај само со големите кредити, дури и  помалите износи на заем не се поштедени во поглед на бараната документација.

Evri-test-na-siduБанката за да се осигура дека ќе и ги вратите и дадените пари но и големите камати – освен вас, го проверува дури и работодавачот на својот иден должник.

Ова од причина што доколку, здравствената книшка не е заверена, значи дека работодавачот не ги плаќа своите обврски кон државата, па се отвара прашањето дали редовно ги извршува обврските и кон своите вработени. Тоа преставува и потенцијална опасност за банката, без оглед на тоа колку кредитот кој што се позајмува е мал.

pig-bank-robbery-of-america550Банките, стандардно, бараат од секој клиент, дури и за обичен „дозволен минус“, да наведат лични податоци и на членовите на своето семејство.

Најобичниот образец за кредит содржи прашања како што се: брачна состојба, број на деца и други издржувани членови на домаќинството, број на оние кои немаат приходи, висината на платата на сопружникот и тн.

Се бараат дури и детали за местото каде живеете: дали се работи за куќа или стан, изнајмувате или е ваш, и дали станува збор за сопствен дом или во сопственост на родителите.

Често се бараат и одговори на прашањата дали поседувате автомобил и други недвижнини.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1