Моника Хек (37) се фрлила од ивицата на водопадот Игуазу во Аргентина пред очите на група туристи со кои дошла во обиколка. Девојката не го преживеала падот од 100 метри, нејзиното тело е пронајдено под водопадот.
Туристите ја довикувале, се обиделе и да ја дофатат но девојката се качила на карпата и исчезна во водопадот.
Девојката која била учителка патела од смртоносна болест и неколку пати на својот фејсбук профил оставала предупредувања дека има суицидни намери.
Не е кажано од што боледувала, полицијата соопштила само дека лекарите потврдиле дека е точно дека била во депресија подолг период откако дознала за неизлечливата болест.