Со балот под маски почна Струмичкиот карневал


Дени Делев и Верица Милушева се принцот и принцезата, кои вечер ќе ја предводат триилјадната интернационална поворка под маски на традиционалниот Струмички карневал, годинава во карневалската поворка ќе има над 2.500 домашни и околу 650 учесници.

maskembalСо синоќешниот маскембал во хотелот Сириус официјално почна годинашниот Струмички карневал 2013. Учесниците на маскембалот за принц и принцеза на карневалот ги избраа Дени Делев и Верица Милушева кои заедно со кралот, актерот Ване Крстев, ќе ја предводат интернационалната карневалска поворка.

zzГрадоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој беше маскиран како „оган“, а неговата сопруга Зорица во „мраз“, вели дека Струмица е подготвена и со широко отворено срце ќе укаже добредојде на сите љубители на карневалот.

Животот во Струмица вечерва ќе бие во ритамот на музиката, а маската е влезница за уживање во струмичките локали, како и на централната забава во подземното паркиралиште на плоштадот „Гоце Делчев“.

Струмичкиот карневал е вековна традиција во градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери – празник на армасаните.


maskembal4На Чист понеделник традиционално струмичките занаетчии, со песна ќе го варат белиот посен грав зачинет со разни мирудии, а за сите гости општината подготвува заеднички ручек на струмичкото корзо. Во рамките на седумдневните карневалски празнувања утре точно напладне на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе продефилираат најмалите карневалчиња, кои преку шаренилото од бои и маски ќе ја изразат својата детска фантазија.

На предпоследниот карневалски ден во вторник, по струмичкото корзо ќе продефилираат наградените маски од Интернационалната карневалска вечер, а наградите на најуспешните ќе им бидат дадени во Домот на културата. Наградниот фонд годинава изнесува 5.380 евра за осум категории. Традиционално вечерта маскирани лица заедно со армасникот одат во домот на армасаната девојка, која треба да открие кое е нејзиното момче.

maskembal2Во среда на празникот Тримери по традиција струмичките свекрви со најблиските роднини со синии и подароци одат во домот на армасаната девојка, каде со посни јадења и песни со еротска содржина ја воведуваат момата во брачниот живот.

Струмичкиот карневал како манифестација со својата афтентичност во 2009 и 2012 година стана носител на признанието „Супер бренд“ на Македонија, а големиот број гости и учесници од земјата и странство само ја потврдуваат вредноста на оваа манифестација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1