Во хотел во Сан Антонио, Тексас е забележано мистериозно светлечко суштество кое лебдело низ ходникот. Рене Р бил задолжен за проверка на инсталацијата во хотелот, а откако го забележал суштеството тој го фотографирал. Тврди дека не користел блиц и дека суштеството и чудно летало – односно како да лебдело, а потоа едноставно исчезнало.
Суштеството нема големи димензии, а неговиот изглед потсетува на некој опис од бајките. Додека некои тврдат дека се работи за суштество од друга димензија, некои велат дека во овој хотел често се случуваат паранормални појави.
Имено не е прв пат овој хотел изграден во 1900 година да се поврзува со духови и паранормални појави поради тоа што во хотелот често се случувале ,, чудни,, самоубиства, многумина сметаат дека можеби во прашање е и задгробен живо
Поборниците на овие теории често доаѓаат во хотелот во надеж дека ќе забележат нешто – а своите искуства ги објавуваат на интернет.
Една девојка тврди дека кога стасала во хотелот го притиснала бројот 1 на лифтот за да оди до својата соба но лифтот упорно неколку пати ја носел на 5 кат. Кога утрото на рецепционерот му кажала што се случувало жена чија соба била на 5 кат а го чула разговорот рекла дека видела жена во црвено како оди по ходникот – Рецепционерот имал блед изглед бидејќи токму 5 кат е тој каде сите гости пријавуваат дека виделе нешто. тој ден на 3,4,5 кат имало само 4 гости – 3 мажи и госпоѓата која рекла дека видела жена во црвено.
Прикаски или не – овој хотел станал славен во америка како и самиот град по овие паранормални наводни појави и ако ништо друго редовно има туристи кои се надеваат дека токму тие ќе се сведоци на нешто невообичаено.