Дозволете да побарам прошка од секој на кого ненамерно сум му згрешил нешто во животот.Сите ние кои работиме и грешиме. Сигурно јас нешто сум погрешил, затоа ве молам да ми простите.
Им простувам на сите кои мене ми згрешиле, како што многу пати сум го правел тоа во животот. Ви порачувам и вие да простувате што почесто. Таа филозофија на Христијанството многу им помага на луѓето.
Животот е премногу краток за премногу долго да ги помниме неправдите и да не простуваме. Колку повеќе простувате, ќе бидете и посилни и помоќни и со повеќе сојузници и поцврсто ќе одите напред. Тоа е нашата Христијанска филозофија која многу ни помогнала низ вековите на опстанок на нас Македонците, порача Груевски.
Премиерот посочи дека треба да се простува, но и да се внимава кога се избира за да не се случуваат крупни грешки.
Курир