Стадионот кој ќе го носи името „Гоце Делчев“ ќе има капацитет од 18.000 места, а ќе биде направен според сите критериуми на УЕФА.
Дел од трибините на постоечкиот стадион ќе бидат реконструирани и вкомпонирани во новиот проект. Проектот ќе започне со реализација оваа година, а инвеститор на овој проект ќе биде Општина Прилеп.