Колку отиде на постери, пенкалца и митинзи – еве колку потрошиле партиите за избориве


Партиите ги дадоа отчетите за финансирањето на првата половина на кампањата за локалните избори на 24 март.

izboriВо извештајот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која досега потрошила 724.000 евра за кампањата, како донатори на 48.000 евра кои досега се пристигнати, се наведени само физички лица, кои најчесто донирале по 60.000 денари. Кај ДУИ, меѓу собраните 105.000 евра, се наведени донации на само четири фирми во вредност од околу 36.000 евра, додека дарители многу повеќе се физички лица.

Кај ДПА, која досега добила 15.000 евра донации, спонзор е само една фирма, и тоа со 60.000 денари. Опозицискиот СДСМ и неговите партнери се уште не поднеле финансиски отчет, најверојатно заради подоцнежниот старт на кампањата.

vmro-sedisteВМРО-ДПМНЕ најголем дел од овие пари ги должи, бидејќи од донации собрала 15 пати помала сума или околу 48.000 евра.

И оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ, слично како и изборите во 2011 година, ја финансираат само физички лица. Досега 50 луѓе донирале исто – по 60.000 денари.

Втората владејачка партија, ДУИ во оваа камапања собрала двојно повеќе донации од ВМРО-ДПМНЕ или нешто над 100.000 евра.

pari

Но, за разлика од партијата на Груевски, партијата на Ахмети ја финансирале и фирми и тоа со значителни суми кои се движат и до еден милион денари. Овие пари и биле доволни на ДУИ за оваа фаза од кампањата. Потрошила 96.000 евра, најголем дел за реклами и пропаганда.

Со плус на сметката, првите 10 дена кампања ги завршила и ДПА. Од донации собрала околу 15.000 евра, но потрошила само половина од нив.

СДСМ, поради подоцнежното вклучување во изборите, својот прв извештај треба да го достави до идната недела. Тогаш ќе биде познато колку потрошиле, но уште од сега се знае дека партијата и оваа кампања ја финансира со банкарски кредит.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1