Лицемерие: Поддржувачи против рак на дојка се компании чии производи предизвикуваат рак


11342393-breast-cancer-remediesРакот на дојката убива илјадници жени секоја година. Во 2009 година, последната година за која постојат податоците), CDC вели дека над 40,000 жени биле убиени од оваа болест. Секој знае дека ова е ужасна болест – вклучително и корпорациите. Овие компании имаат направено прилично добри пари играјќи си со страсните чувства на луѓето за ракот.

Изминатата година, компанијата „CoverGirl“ на 13 годишна девојка која боледувала од рак и исплатила 20,000 долари и ја направила специјална и почесна „CoverGirl“.

Но, тука има еден проблем, компанијата произведува проиводи со токсични состојки кои го зголемуваат ризикот од рак.

kozmetika sminka„Parabens“, „formaldehyde“ и „phthalates“, се состојките кои во нивните производи го зголемуваат ризикот од рак. „Џонсон и Џонсон“ компанијата пак неодамна се поклони на барањата на фондот на „рак на дојката“ со цел да ги отстранат ваквите состојки. Проктер и Гембл (матичната компанија на CoverGirl) го избегнаа целосно ваквото прашање. Сега Проктер и Гембл донираат по 1 долар за секоја дојка објавена на фејсбук, со цел создавајќи кампања за раното откривање на ваквата болест.

Некој би помислил дека една компанија која навистина се грижи за ракот, ќе се обиде да го спречи истиот.

bpaУште еден пример на „добра волја“ е случајот со Progresso компанијата која што произведува супи, служи лименки на сомопослуга низ продавниците во целиот свет.

Овие конзерви се преполни со смола кои содржат „BPA“. Тие сега користат розови панделки на етикетите, со цел да ја помогнат кампањата за борбата против ракот. Нивните приходи завршуваат во истражувањата за откритие на лек за ракот на дојката, но истите нема да дадат ниту скршен денар за да го променат начинот на пакување на нивните производи.
Значи што е она за кое што овие компании навистина се грижат?

Дали се тоа стотиците илјади жени на кои им е дијагностициран ракот на дојката само во оваа година, или пак е во прашање нешто друго? На крајот на краиштата колку е поголем бројот со заболените со рак на дојката, толку повеќе луѓе ќе ја подржат розевата панделка.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1