Публиката ја виде музиката на филигранот на нашата Македонка


Откако го спои со рок-музиката и фотографијата, една од најиновативните македонски дизајнерки на накит, Марија Милошевска, му даде нов живот на филигранот и на филм.

marija

Kреативката позната по својот проект „Оророк“, на фестивалот за музички документарци ДОРФ, што се одржа во Винковци, Хрватска, го промовира мини-филмот „Сребрена песна“ во режија на Kирил Шентевски , посветен на својата работа.

Учеството на фестивалот го одбележа и ангажманот како дизајнер на статуетката што му се доделува на најдобриот филм.

На нејзино големо задоволство, оваа статуетка ќе се доделува и во наредните изданија на фестивалот. Таа веројатно ќе има измени, но клапата ќе остане. 

Можност за промоција на нашата традиција

Секое претставување надвор од границите на нашата држава, според Марија, е одлична можност за секој уметник, да се види колку сме блиску или далеку од светот.

– Тоа е одлична можност луѓето да се запознаат со мојата работа, а и со земјата од каде што потекнувам. Тоа е нова инспирација, нови луѓе, контакти и сл. Филигранот е дел од нашата традиција и култура, вели Марија

Филигранот во сите уметнички форми

На фестивалот во регионалната селекција првпат беше претставен 16-минутниот документарец „Сребрена песна“. Станува збор за експериментален, импровизирачки филм.

vlcsnap-2012-10-15-00h42m17s52– На почетокот со режисерот Kирил сакавме да направиме краток трејлер во кој јас свирам на мојата жица. Почнавме да работиме веднаш по завршувањето на мојата изложба „Оророк“ во KИЦ, 2011 година. Но во меѓувреме требаше да го изведам филигранскиот перформанс со Александар Петров во „Безистен“ во Скопската чаршија…

Па така, благодарение на група ентузијасти и доброволци успеавме да го снимиме перформансот со три-четири камери, озвучување и друга техничка опрема.

vlcsnap-2012-10-15-00h40m31s50Kонечно го завршивме лани, а оваа година го промовираме. Проекцијата на ДОРФ помина одлично… интересно. Публиката имаше можност да ја види музиката на занаетот наречен филигран – вели таа и додава дека се надеваа и на скорешна промоција и во нашата земја, а и пошироко.

Милошевска е дипломиран етнолог. Својата пасија кон традицијата и народната култура по завршувањето на студиите ја посветила на изучувањето на филигранскиот занает. Изминативе седум години ја води својата „Оро работилница“ во рамките на која има учествувано на повеќе групни изложби. Таа постојано трага по нови форми на изразување

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1