Седум маринци загинаа во вежба, при експлозија во Невада неделава. Маринците беа на возраст од 19 до 26 години, а повеќето од нив беа ветерани од војната во Авганистан.
Станува збор за Џошуа Марино (19) од Пенсилванија
Ленс Каплар Дејвид Фен (20) од Флорида
Ленс Каплар Роџер Муцхницк Џуниор (23) од Конектикат
Ленс Каплар Исус Тејлор (21) од Мариета Охајо
Ленс Каплар Мејсон Вандерворк (21) од Хикори
Ленс Каплар Вилијам Диви (21) од Ане Арундел
Каплар Арон Риперд (26) од Медисон
Петмина од нив се приклучиле на маринците во јуни 2010 година.
Знамињата беа спуштени на половина копје, додека стотици се собраа да им оддадат последна почит.
Како причина за ваквата несреќа е наведена експлозијата во цевката на 66 мм минофрлач за време на вежбата. Уште осумина други беа повредени во експлозијата.
Беше издадена наредба да се суспензира користењето на ваквото оружје, се додека не се утврди вистинската причина зошто дошло до самата експлозија.