Мобилниот ќе предвидува срцев удар (Видео)


Група на научници од технолошкиот институт Ecole Polytechnique Fédéral (EPFL) во Лозана, Швајцарија, работи на микро уред кој би се вметнал под кожата и преку Bluetooth ќе ги испраќа мерењата на работата на срцето и другите витални органи до вашиот мобилен телефон.

hartbeat_smartphone530x290_250313_033852Микро уредот има големина од 14 милиметри и е наменет за следење на повеќе витални функции како и мерење на протеините кое ги ослободува срцето кога има недостиг на кислород, со што може навремено да го предупреди лицето пред да настапи срцев удар. Освен работата на срцето уредот ќе ги следи и глукозата, шеќерот и другите протеини со што во голема мера ќе им помогне на лицата болни од дијабетис и други медицински состојби.

Овој уред  нема сопствен извор на енергија туку се полни преку кожата со безжичен додаток, а со него функционираат седум различни сензори. Проектот сеуште е во тест фаза, но кога ќе се појави на пазарот за широка употреба ќе придонесе многу во полето на напредок на медицинската превентива. Од следното видео погледнете го подетално објаснувањето од страна на научниците кои работат на овој проект.

Izvor – Telefoni

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1