Кејт Валас од Пенсилванија по сообраќајната несреќа се разболела од Котардов синдром.
Таа ја преживеала сообраќајната несреќа, во која поминала без тешки повреди, но потполно се променила тврдејќи дека е мертва.
Нејзината сестра Ким, која се грижи за неа, ја однела на психијатар и кај неа утврдено е дека боледува од Котардов синдром. Кејт речиси престанала да јаде и го загубила чувството за хигиена. Како да вегетира и не покажува никаква волја за живот.
Во масата необични фобии и синдроми, многумина сметаат дека Котардовиот синдром е еден од најбизарните. Луѓето кои страдаат од ова ретко ментално пореметување, познато и како синдром на движечки мртовец, кој верува дека е починат и дека не постои.
Синдромот го добил името по францускиот невролог Жил Котард кој своите истражувања ги претставил во 1880 година.
Некои од пациентите се уверени дека ја загубиле сета крв и внатрешните органи, а повеќето страдаат и од шизофренија. Лекувањето на Котардовиот синдром е бавно, но е можно со помош на антидепресиви, антипсихотици и други стабилизатори.
Замислил дека умрел и дека се преселил во пеколот
Еден од најбизарните случаи е забележан кај едно момче кое преживеало сообраќајна несреќа. Поради компликациите кои се појавиле за време на закрепнувањето , тој замислил дека е починат. Работата а направила пострашна неговата мајка, одлучувајќи заедно да се преселат во Јужноафриканската Република. Поради топлата клима момчето било уверено дека се наоѓа во пеколот.
Denesen.mk