Албанија се уште е дом на „заколнати девици”, на жените кои одлучуваат освен отсуството на машките наследници во семејството, да се откажат од нивната женственост, ја кратат својата коса и животот да го поминуваат во целибат, со цел да стане „почесна” глава на семејството до крајот на живот.
Многу цвртите патријархални правила во далечените области на Албанија, им забранува на жените да го прифатат семејното земјиште после смртта на сите мажи во семејството.
Во случаите каде семејството останува без соодветен машки наследник, овие жени одлучуваат да „станат” мажи, заколнувајќи се на целибат.
Меѓутоа, во други случаи, родителите може да ја донесат таа одлука ако девојката е премногу млада.
Овие девојки растат и се облекуваат како мажи. Принудени се да се однесуваат и да се дружат со други мажи, да ја организираат работата и животот на фарма.
Овие „заколнати девици” не смее да се откажат од своите одлуки, а казната за кршење на заклетвата е смрт.
Овој древен обичај е стар 200 години и се спроведува во некои делови на Албанија и делови од Црна Гора и Косово, но во значително помала мера, особено по падот на комунизмот.
Обичајот е роден од традицијата на северно албанскиот закон, во кој жените им припаѓаат на нивните татковци се до бракот, а потоа стануваат сопственост на сопругот.
На некој начин им се дава право на жените да го водат семејството и да ја задржат сопственоста над земјиштето, која инаку би им била одземена и дадена на најблиските машки роднини.
Да се стане „заколната девица” е начин за да се избегнат несаканите договорени бракови.
Жените може да се најдат во улогата на мажи во три случаи: при раѓањето- кога семејството нема машки наследник и знае дека никогаш не ќе има и после смртта на единствениот маж во семејството и одбивање на стапи во договорен брак.
Она што е интересно е фактот дека повеќето од „заколнатите девица” се чувствуваат горди поради својата судбина. Тие веруваат дека така добиле статус кој инаку никогаш не би го имале во патријархалното општество.
Povekje na – Denesen.mk