Комета со огромна брзина оди дирекно на Марс – можен метеорски дожд на земјата (Видео)


НАСА предупредува: Кометата 2013 А1, која се движи неверојатно брзо, е насочена кон Марс. Доколку избегне судар со оваа планета, извесно е дека ќе предизвика метеорски дожд, кој ќе заврши на Земјата.

kometa5001Иако веројатноста за судар е релативно мала, научниците предупредуваат дека дури и блиска средба на кометата би можела да биде важна, бидејќи Марс би можел да предизвика метеорски дожд.

– Постои мала, но не и занемарлива можност кометата 2013 А1 да удри во Марс, порача Дон Џеманс од НАСА, дополнувајќи дека според сегашните пресметки, веројатноста за такво нешто е 1:2000.

јадрото на кометата е со пречник меѓу еден и три километри, а се движи со брзина од 56 километри во секунда.

– Ако кометата удри во Марс, ќе ослободи енергија од околу 35 милиони мегатони ТНТ, вели Џеманс и потсетува дека астероидот кој ги „уби“ диносаурусите имал јачина од 100 милиони мегатони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1