Забар заразил 7000 пациенти со СИДА и хепатит (Видео)


Стоматолог во стоматолошка клиника во американската сојузна држава Оклахома заразил седум илјади луѓе со ХИВ и други заразни болести.

zlatni plombi zabarСе води истрага за докторот Вејн Скот Харингтон од страна на Државниот стоматолошки одбор, Државниот завод за наркотици и Агенцијата за федерална борба против дрога, бидејќи еден од неговите пациенти неодамна беше позитивен на тестот за хепатит Ц и ХИВ без познати фактори на ризик, освен добивање на стоматолошки третман.

Наводно,  по спроведената инспекција биле детектирани голем број проблеми.

130328181821-01-oklahoma-dentist-story-top.pngПоради неправилностите во работата на овој лекар, на сите пациенти на овој стоматолог им се испратени предупредувачки дописи со кои се повикуваат на бесплатно тестирање на ХИВ и хепатитис.

Доктор Харингтон, кој како стоматолог работи 36 години, своеволно ја предал лиценцата за приватна практика и ги затворил своите клиники во Тулса и во предградието на градот Овасо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1