Пит Бул нападнал 8 год девојче – го спасила мала чивава (Фото)


Осумгодишната Џена Дероша од Чиливак, во провинцијата Британска Колумбија, си играла во дворот на својата куќа кога ја нападнал питбул од соседството.

devojce500Кучето прво го гризнало девојчето за колено, а потоа и за лице, кога интервенирала Хани, четиригодишната чивава.

Иако осум пати помала од својот противник, храброто кутре докажа дека има јуначко срце. Без колебање му излезе на питбулот „на мегдан“. Збеснатиот питбул тогаш го пуштил девојчето и тргнал во потера по чивавата.

Кога ги слушнала криците, сопственичката на питбулот излегла од својата куќа и некако успеала да го смири кучето.

Џена, која се здоби со сериозни повреди на лицето, веднаш е одведена во болница, каде е оперирана. Агресивниот питбул, во меѓувреме, е успиен.

1devoje500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1