Седумнаесет годишната Сара Волц победи на конкурсот на компанијата „Интел“ за иновација на младите таленти во Америка. Таа откри дека од природното масло кое го произведуваат алгите може да се добие биогориво за дизел моторите.
Таа во својата соба направила вистинска лабораторија и е многу посветена на анализите и истражувањето. Сега доби и стипендија од 100.000 долари за да ги забрза и зголеми испитувањата.
,,Овој пронајдок е одличен, бидејќи не мора да зависиме од фосилните горива,,-изјави таа.
Волц во моментов работи на зголемување на производството на природните масла од алгите со помош на вештачка селекција.