10 годишното девојче од Струмица измислило дека било киднапирано


По обелоденувањето на случајот со десетгодишното девојче од Струмица што тврдеше дека било киднапирано, малтретирано и принудено да голта апчиња од киднаперите, полицијата утврди дека немало ваков настан.

Mestoto-kade-se-slucilo-kidДевојчето, откако во попладневните часови, околу 15 часот, било однесено во болница, било детално сослушано од полициските инспектори, невропсихијатар и психолог, по што било разоткриено дека нејзината приказна не е точна.

Според она што го изнесе струмичката полиција, вистина е дека десетгодишното девојче настанот го раскажало во училиште, на свое другарче, на мајка си кога се вратило дома и пред инспекторите во болницата, но пресуден бил еден момент, кој потоа ја открил целата приказна.

– Вистина е дека всушност девојчето го опишало настанот токму така како што е пренесен, но нема елементи на киднапирање, утврди службата – вели портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Според невропсихијатарот што разговарал со девојчето, било утврдено дека девојчето точно ја опишало кутијата на апчињата што наводно му биле дадени, а се работело за „дијазепам“ или нешто слично, што предизвикало сомневање. При извршениот претрес во домот на девојчето од полициските инспектори, биле најдени истите апчиња што тоа ги опишало.

Кој бил мотивот за наводното киднапирање и зошто девојчето го исценира малтретирањето и страшното сценарио, сепак, од полицијата немаат објаснување. Уште повеќе што се работи за девојче на десетгодишна возраст.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1