Kако да се ослободите од стриите


strii

Овие мали линии на вашата кожа лесно се јавуваат, но многу тешко исчезнуваат. Стриите може да бидат последица на бременост, нагло здебелување или слабеење и брз раст.

Стриите може да бидат последица на зголеменото лачење на хормонот на стрес познат како кортизол поради што најдобро ќе биде да посетите ендокринолог за да не се препуштите на ризикот од повеќе стрии.

  • Во исхраната вклучете поголемо количество на вода кое е одговорно за еластичноста на кожата и недостатокот од истата предизвикува кинење на поткожните еластични влакна што резултира со појава на стрии. Не заборавајте на витамините А, Е и Ц, цинкот и силициумот.
  • не штедете на кремите за хидратација и масирајте ја кожата за да може да може тие да продрат во подлабоките слоеви. Масажата како дел од негата против стрии е особено погодна за време на туширањето.

Еве како да се обидете да се справите со нив:

ХРАНЕТЕ СЕ ЗДРАВО

Храната богата со витамини и хранливи продукти, како што се овошјето и зеленчукот, ќе ви обезбеди еластичност на кожата и ќе помогне во превенцијата стриите да не се формираат.

Пијте и многу вода, хидратацијата е исто така многу важна.

НАПРАВЕТЕ КРЕМА ОД МАСЛИНОВО МАСЛО И АЛОЕ ВЕРА

Направете и третман за навлажнување на вашата кожа со оваа смеса која ќе ја намали појавата на стрии.

Потребни ви се 4 мали лажички маслиново масло, 4 лажички алое вера и една шеќер. Измешајте добро, ставете во тегла и сместете го во ладилникот.

Откако ќе се зацврсти, втријте го на кожата во времето за спиење.

РЕТИНОЛ

Ако имате релативно нови стрии, кои не се постари од 6 седмици и се уште се црвени можете да нанесете ретинол за да ги намали.

Ретинолот ќе ја намали нивната боја, ќе го обнови дермисот и ќе ја освежи постарата кожа. Побарајте продукти со ретинол во локалната аптека.

КОКОСОВ ПУТЕР

Кокосовиот путер е најстариот начин за справување со стриите. Може да биде одлична превентива во текот на бременоста. Содржи ензими кои го намалуваат оштетувањето на ткивата на кожата и ја одржуваат хидратизирана.

Масирајте ги ризичните подрачја со путер од кокос.

ВЕЖБАЈТЕ

Добро вежбање може да стори речиси се, иако ви изгледа дека тоа не може да стори многу за вашата кожа. Со вежбање вие ги тонирате мускулите што прави кожата да изгледа подобро.

Вежбањето го подобрува протокот на кислород со крвта низ вашето тело, што помага во ослободувањето од токсините со потењето и помага во градење на кожата и справување со стриите.

МАСЛО ОД ЛАВАНДА

Друг тропски третман ви е маслото од лаванда. Тоа е едно од понежните масла кое го поттикнува обновувањето на кожата и ја намалува појавата на стриите.

Измешајте го маслото од лаванда со вашиот лосион за тело и нанесете на погодените подрачја три пати на ден.

ВИТАМИН Ц

Според некои испитувања витаминот Ц ја зголемува продукцијата на колагенот во телото и помага со стриите во раните фази.

Зборувајте со вашиот доктор за додавање на суплементот во вашето мени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1