На сајтот „F***MyLife“ милион корисници раскажуваат непријатни, смешни, бизарни и трагични анегдоти од нивниот живот, благодарение на кои секогаш можете да се потсетувате дека во вашиот живот и не е се така црно.
Нивните искуства се поделени во неколку категории, можете да прелистате и да одберете неколку конкретни земји со мапа кои се наоѓаат на сајтот, доколку посебно сакате да дознаете што денес се случувало со жителите на Шкотска, Кина или Перу.
Погледнете какви се маки имаат жителите на планетава Земја:
* Барајќи нова работа меѓу огласите на интернет, пронајдов еден кој звучел добро. Кога погледнав подетално, сватив дека станува збор за позиција во мојата фирма и работно место за кое мислев дека уште е мое – изгледа дека шефот ме претекна по прашањето на отказот.
* Пред неколку дена конечно собрав храброст да колешката, во која долг период бев заљубен, ја повикам во кино и на моја енормна среќа, таа прифати. Во еден момент ми рече дека мора да отиде до тоалет и повеќе не се врати, ниту до денес не ми се јави.
* Денеска конечно стигна мојот фустан за матура. Матурската вечер се случи вчера.
* Минатата ноќ отидов со моето семејство во куќата на мојата баба, икако адвокатот ни го прочита нејзиниот тестамент. Не се надевав на никакво наследство, на што веќе неколку дена ме предупредуваше и целата фамилија, бидејќи важам за црна овца во семејството, која ни родената баба не ја сакаше. Поради тоа се шокирав кога ми оставила 3500 долари. Набрзо сватив дека пребрзо се израдував, затоа што условот за користење беше да дел од тие пари да ги потрошам на вазектомија.