Mилиони се изнесуваат во куферчиња од Кипар – зајакната контролата на границата


Кипарската полиција ја засили контролата на своите граници за да го спречи изнесувањето поголеми суми пари над утвредените количества. Граничарите ги проверуваат коферите и личните предмети на лицата кои ја напуштаат островската држава, соопшти британскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Stacks_of_moneyСпоред информации на весникот, најмалку три лица биле задржани при обид да изнесат од земјата повеќе од одобрените 200.000 евра по човек. -Парите се конфискувани, а прекршителите се на распит, забележува „Фајненшел тајмс“.

Весникот го цитира рускиот бизнисмен Сергеј Туленев, кој соопшти дека на денот на воведувањето на капиталната контрола во Кипар му се обратиле Кипарци со предлог да му пренесат над милион евра од речиси фалираните национални банки во постабилни финансиски институции.

-Вакво префрлање на средства е незаконско според актуелните правила и затоа лицето кое се обиде, ми побара провизија од 200.000 евра. Го одбив, раскажува бизнисменот.

-Сега забележуваме сомнително движење на капитал од Кипар, посочува високо позициониран претставник на еврозоната, учесник во преговорите со кипарските власти.

Според податоци на „Фајненшел тајмс“ од јуни 2012 година вкупниот износ на депозити, сопственост на граѓани на други земји од еврозоната, во банкарскиот систем на Кипар се намалил за 41 проценти, до 3,9 милијарди евра.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1