Пожар во Гостивар – изгоре 10 месечно бебенце, 16 год мајка не била дома


Десетмесечно бебе изгоре во пожар што избувна во импровизирано живеалиште во Гостивар пред поранешната депонија „Сушички мост“, на локалниот пат кон Митрови Крсти, на околу пет километри од градот. Трагедијата се случи утрово околу 9 часот во објектот од осум квадратни метри, изграден од шест дрвени столба, заграден со картонски кутии, а покриено со најлон.

Požar-u-Baričevićima-Foto-PIXSELLСпоред првичните наоди на истрагата, пожарот најверојатно избувнал од паѓање на жар на подот покриен со картони од т.н. „циганско“ ќумбе. Во импровизираното живеалиште останало бебето, а неговата малолетна мајка, 16-годишната Е.Д. од Велес, со двегодишното дете, била надвор.

Соседите го забележале пожарот, веднаш пријавиле во гостиварската противпожарна единица и Службата за брза помош. Иако помошта пристигнала бргу, било предоцна да се спаси животот на бебето, кое од здобиениет повреди починало веднаш.

Мајката, иако се’ уште девојче, не можеше да се соочи со трагедија, пискотите ја нарушуваа тишината меѓу планинините, утеха и даваше единствено мајка и’, а нејзиниот вонбрачен сопруг бил во Струмица.

На местото на несреќата, увид изврши истражен судија, јавен обвинител и крим техника на ПС Гостивар. По налог на истражниот судија, беше извршена обдукција на баебето. Истражните органи превземаат дејствија за да се расветлат причините и околностите за избувнувањето на пожарот.

Инаку, во оваа номадска населба, живеат околу триесеттина и повеќе лица, никој не знае колку, бидејќи не се пријавени во полицијата за времен или пак за стален престој. Нивно занимање е собирање на отпадоци во некогашнатга гостиварска депонија. Пред две години, од студ, исто така, во импровизирана барака премрзна двемесечно бебе.

Утрински Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1