Во Струмица ќе се прегласува – Заев со остра реакција (Видео)


Управниот суд ја одби тужбата на СДСМ за одлуката на Државната изборна комисија за три изборни единици во Струмица по што на 7-ми април ќе има прегласување на првиот изборен круг. Заев вели дека е логично човек да се надева дека останало барем трошка од правната држава, но оваа одлука на Управниот суд, според него, е преседан.

g_zaev slika za web„За жал, Управниот суд ги одби жалбите со смешни образложенија кои се спротивни на законот за избори. Велат дека судските одлуки не се коментираат, но станува збор за вистински преседан кој треба да го загрижи секој граѓанин на Македонија. Замислете, истите работи поради кои се прегласува во Струмица се причина да не се прегласува на други преку 120 избирачки места.

За судиите од Управниот суд во сите други избирачки места белото е бело, само за избирачките места во Струмица белото е црно. Видете ги сите пресуди на Управниот суд на нивната веб страна, споредете ги со оние за Струмица и се ќе ви биде јасно.“

Видео – Струмица денес

​​
Прегласување на првиот изборен круг ќе има во избирачките места „Стара кожара“ и основните училишта „Никола Вапцаров“  и  „Маршал Тито“. Вкупниот број на гласачи на овие три места изнесува 3.255 од кои 2.553 излегле да гласаат на 24 март. Според податоците на Државната изборна комисија, 1.436 гласови отишле на контото на досегашниот градоначалник Зоран Заев, додека неговиот опонент од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев освоил 1.034.

Вкупната разликата од првиот изборен круг меѓу двајцата кандидати за градоначалници на Струмица изнесува 2.096 гласа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1