“Службено ја известивме Белата куќа и Пентагон дека се посилната непријателска политика кон Демократската Народна Република Кореја и нејзините нуклеарни закани ќе бидат уништени… со помали и раширени средства за нуклеарни удари”, јавила агенцијата “KCNA”, пренесувајќи го соопштението на севернокорејската војска кое гласело:
“Немилосрдната операција на севернокорејските сили дефинитивно е разгледана и потврдена”, а истото било објавено на официјалниот сервис на државната новинска агенција на Северна Кореја, напишано на англиски јазик.
“Овие закани ние ги сфаќаме сериозно”, изјавил Хагел, обраќајќи и се на публиката во Универзитетот за национална одбрана во Вашингтон. “Ќе направиме се што можеме. веќе се испратени ракети за одбрана во базата во Гуам”, додал министерот за одбрана.