Џ.Р.Р. Толкен, познатиот автор на „Хобит“ и „Господар на прстените“ ја истражувал неверојатната приказна за британски фармер кој пронашол стар римски прстен додека орал на својот имот. Тоа се случило само две години пред објавувањето на „Хобит“. Прстенот првпат јавно е изложен во 1785 година.
Ова парче златен накит е пронајдено во близина на римскиот град Силкестер во Хемшир (Велика Британија), а Толкен е повикан да ја истражи целата приказна за историјата на прстенот.
Врската меѓу познатиот писател и прстенот би останала заборавена ако не беше повторно откриена пред отворањето на изложбата во Д Вајн, имот на Националниот фонд во Хемшир.
Се смета дека прстенот го открил фармер додека орал на својот имот. Историчарите сметаат дека прстенот некогаш му припаѓал на Римјанинот Силвианус, кој откако прстенот бил украден фрлил клетва на него. Прстенот бил толку голем што можел да се носи само преку ракавица, а на него е изгравиран и натпис на латински „Господ да го поживее Сеницианус“.
Се смета дека Толкен, кој тогаш бил професор по англосаксонска историја на Универзитетот во Оксфорд, врз основа на приказната за овој прстен ја почнал својата работа на „Хобит“.
По откритието, прстенот го купило семејството Кјут, кои се долгогодишни сопственици на имотот Д Ваин. Имотот во 30-ите години од минатиот век преминал во рацете на Националниот фонд.
Неколку децении откако е пронајден прстенот откриена е и плочата со клетвата во Линдли. Сопственикот на прстенот свесен дека му е украден, побарал од богот Нодемс да го казни крадецот. На плочата пишувало „Нека немаат здравје сите оние кои го носат името Сеницианус, се додека не го врати прстенот во Ноденсоновиот храм“.
Големиот британски археолог Сер Мортимер Вилер ја сфатил врската меѓу прстенот и плочата и го повикал Толкен да ја истражи етимологијата на името Ноденс.
Со години прстенот со ликот на Венера лежел во заборавен зафрлен агол во библиотеката во Д Вајн. „Го барав прстенот за да им го покажам на посетителите и случајно го најдов ормарот со прстенот. Сфатив дека мораме да направиме нешто за да ја раскажеме неверојатната приказна“, изјави директорот на имотот Д Вајн, Дејв Грин за весникот „Гардијан“.