Око за око, парализа за парализа – Сaудиска правда


Организацијата за човекови права Amnesty International во средата ја осуди одлуката на саудиски суд едно момче со хируршка интервенција да се парализира како казна за злосторство коешто го сторил пред десет години, коешто резултирало со тоа што жртвата останала инвалид врзана остатокот од животот за количка.

 

89e1748e-17b1-4db5-a79b-efecf0052559Меѓународната организација Amnesty International со седиште во Лондон соопшти дека 24-годипниот али ал-Хаваер наводно минал десет години во затвор чекајќи по хируршки пат да го парализираат доколку неговото семејство не ѝ исплати на жртвата милион саудиски ријали или околу 270 илјади американски долари.

Саудискиот весник Gazette пишуваше минатата седмица по овој случај дека Хавахер со ноќ во грб го избол пријателот од детството во текот на расправија пред десет години, кој од тогаш останал парализиран во долната половина на телото.

Саудиска Арабија го применува исламскиот шеријатски закон, кој за злосторствата дозволува казна „око за око”, меѓутоа исто така им дозволува на жртвите да им простат на осудениците, најчесто во замена за пари.

„Да се парализира некој како казна за злосторство претставува тортура”, изјави Ен Харисон од Amnesty International.

Денвниот весник Аl Hayat на арапски јазик, ја пренесе изјавата на 60-годишната мајка на Хавахер, која рекла дека нејзиниот син имал 14 години кога го сторил злосторството. Рекла, исто така, дека жртвата побарала два милиона ријала во замена за прошка на нејзиниот син, како и дека таа подоцна се намалила на милион ријали. „Меѓутоа ние немаме ниту десетина од оваа сума”, рекла мајката.

Весникот Al Hayat објави и дека неименуван филантроп се обидува да го собере потребниот износ, меѓутоа засега не е соопштено уште колку време останува до спроведување на казната врз Хаваер.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1