Си имал личен кувар и келнер: Каде и како се криел Ратко Младиќ 14 години


Врз основа на разговорот со роднината на Ратко Младиќ, судските документи и извештаите на српски и меѓународни истражувачи, кои го уапсија во 2011 година, британскиот весник Гардијан склопи мозаик за долгогодишниот период на неговото криење. Успевал да им избега на прогонителите благодарение на тоа што живеел во изолација и беда, а молчењето го обезбедувал со закани.

_Upload_Vesti_Ratko-Mladic_201344111836

Мажите и жените кои му помагале на Младиќ во тек на долги години во бегство, во него гледале српски херој, но за да се обезбеди нивна лојалност, сите на подарок добиле фотографии од своите деца. Пораката била јасна: ако можат да бидат пред објектив од фотоапарат, исто можат да бидат и на нишан пред оружје.

Во 1997 година офицерот Милан Гуњ примил необичен телефонски повик во Белград, што побрзо да дојде во военото одморалиште на Рајац. Таму затекнал десет мажи на самиот влез, а еден од нив бил Младиќ.

Reporters_Mladic

– Ме фати паника. Бев многу исплашен и се чувствував непријатно, бидејќи знаев дека Хашкиот трибунал го обвини Младиќ за злосторства, изјавил тој на судењето.

По еден месец, повторно во глуво доба на ноќта, придружбата на Младиќ се појавила во Страгари кај Крагуевац, во друго поголемо воено одмаралиште, со спортски терени, базени, во близина на шума каде бил дозволен лов на елени.

Еден период Младиќ имал свој готвач и келнер

Генералот Ѓорѓе Ќуричин раскажал како изгледал еден типичен ден со Младиќ додека бил бегалец.

– Разговаравме, шетавме низ шумата, игравме шах, игравме и карти и пинг понг. Потоа одевме на ручек и повторно одевме на прошетка низ шумата, рече тој.

За неговата лична заштита во Белград бил основан специјален Триесети центар за обезбедување со 10 телохранители. Покрај нив, Младиќ имал и готвач, дури и личен келнер, кој се враќал со него на Рајац, додека во Страгари била сезона на лов.

Младиќ некое време бил и во својата семејна куќа на ул. Благоја Паровиќ во Белград, од каде одел во ресторани и на фудбалски натпревари.

General Ratko Mladic

– Таа ноќ кога беше уапсен Милошевиќ, Младиќ беше во сопствениот стан, од каде истата ноќ заминал, вели Ќуричин и додава дека генералот бил цврсто решен да не се предаде жив.

Пријателите на Милошевиќ во воената команда го преселиле во друга база во Крчмар, кај Ваљево, каде има подземен бункер, но од тој момент рацете им биле врзани бидејќи Ѓинѓиќ ја презел контролата над структурите за безбедност.

Војската симулираше напади за да го принудат да си оди од касарната во Крчмар. Генералите тогаш на Младиќ му рекле дека мора да замине од Крчмар, што тој на почетокот одбил да го направи. Настанала еден вид пат позиција, во која војската ја надлетувала базата со хеликоптери, симулирајќи напади, за да го принудат да си оди. Тој тоа го направил на први јуни, напуштајќи ја базата во конвој со воени возила. Така почнала етапа на помалку комфорна фаза од неговиот живот во бегство.

mladic_serbia_arrest2_464

Мрежата на неговите помошници се свела на малку луѓе, стари другари од војната во Босна, на чело со поранешниот полковник Јова Ѓога, кој организирал изнајмување на многу станови во солитери во Нов Белград.

Српскиот функционер, кој учествувал во ловот на Младиќ, подоцна изјавил: Изнајмените станови биле избирани по многу строги критериуми. Морале да бидат во големи згради, без заклучување на влезната врата и сигурносни камери, а спратот над и под морал да биде празен.- Додека беше во Нов Белград, не излегуваше, му носеа храна и весници, а семејството не смееше да го посетува, вели Милош Сајиќ, адвокатот на Младиќ.

Живеел само неколку згради подалеку од Радован Караџиќ

Тоа траело неколку месеци, додека мрежата на неговите заштитници не нашла неколку куќи, каде Младиќ се чувствувал сигурно, на ул. Јуриј Гагарин. Живеел само неколку згради подалеку од Радован Караџиќ, но можно е сепак да не се сретнале.

Младиќ се придржувал на војничка дисциплина, ретко излегувал, освен повремено навечер на прошетка, покрај Сава, со синот Дарко. Многу барал од мажите и жените кои се грижеле за него. Барал топло млеко со мед наутро, пред гимнастика, храната морала да биде свежа, а овошје и зеленчук купувал од разни тезги, со неверојатно објаснување дека набавка на исто место можела да поттикне сомнеж и да открие каде се наоѓа.

ratko mladicВодел сметка за својот изглед, се бричел секој ден и имал обичај да каже: Така како што ќе изгледаш на денот на смртта, така ќе изгледаш и во задгробниот живот.

Внимавал на хигиена на забите, бидејќи знаел дека одење на забар би ја загрозило неговата безбедност.

По убиството на Ѓинѓиќ, луѓето што го чувале се повеќе се оддалечувале од него. Порано телохранителите останувале со него и некогаш спиеле на под, а подоцна кога ги менувал становите, не оделе со него, а само едно лице знаело точно каде се наоѓа.

Постојат докази дека во тоа време Младиќ се криел во подземни бункери во касарната во Топчидер, каде беа убиени двајца војници во 2004 година, наводно затоа што го виделе. Младиќ се вратил на ул. Јуриј Гагарин во 2005 година, но во друг стан. Во декември таа година бил преместен во селото Љуба, кај Сремска Митровица, каде еден од неговите заштитници имал викендица.

Ги отпуштил телохранителите за да не го предадат

Плашејќи се дека ќе биде откриен, ги отпуштил телохранителите за да не го предадат. На 4 февруари во 2006 година се појавил во станот на својот шура Крсто Јагдиќ, кој следниот ден го однел кај братот Мирослав во Мала Моштаница, на Сава. Снаата на Мирослав, Ѓука му готвела на Младиќ, но подоцна изјавила дека дознала за кого се работи дури откако Младиќ бил уапсен.

mladic2За тоа каде потоа се криел постојат различни верзии. Според официјалната верзија, Младиќ од таму директно побегнал во Лазарево, каде му живее роднината и каде на крај беше фатен.

Постојат сомневања дека пред тоа престојувал во Гацка, во североисточна Босна, но тоа никогаш не било потврдено.

Она што сигурно се знае е дека Младиќ го заврши својот живот како бегалец во Лазарево, со нарушено здравје, најверојатно поради мозочен удар.

Alfa

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1