Фејсбук нема да го додаде „дислајк“ копчето


Социјалната мрежа Фејсбук нема да го додаде во блиска иднина долгопосакуваното „дислајк“ копче, судејќи според инженерот одговорен за нови производи во оваа компанија Боб Болдвин.

fejs dislikeБолдвин, кој работел на бројни популарни опции на Фејсбук, отворено зборува за фамозното „дислајк“ копче.

– Сите активности на Фејсбук се фокусирани на позитивните интеракции на луѓето. Копчето „лајк“ претставува најлесен начин за изразување на позитивните чувства. Сметам дека додавањето на лесниот начин за изразување негативен став нема да им биде од голема вредност на корисниците, истакна Болдвин.

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг неодамна изјави дека на корисниците ќе им биде дадена слобода да комбинираат глаголи и именки, со цел да имаат поголема слобода на изразување, но на страницата на Фејсбук, каде корисниците можат да прават нови апликации за оваа социјална мрежа, е блокирано користењето на „дислајк“ како акција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1