Да се биде во блажена состојба е најубавиот период во животот на жената – но оваа среќа знае да ја помати невработеноста, грижата, немањето каде да се добијат информации за се што треба да сторите за вашето бебе безбедно, здраво и среќно да пристигне на овој свет.
Организација Лулка има хумана мисија да им помогне на сите мајки – Во понеделник на 08.04.2013 во Клувб на новинари ќе се одржи и Бесплатна Едукација за бременост со почеток во 18:00 часот. Таа трае два часа, предваат гинеколог и психолог и посетителите може да постават прашања до стручните соработници на Лулка.
Невработенпста е огромен проблем во денешно време. За младите кои се невработени во март и април Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка спроведува една хумана акција која е пример за солидарност и грижа за граѓаните.
Веќе една година здружениетп организира бесплатни предавања за бременост, отворени за сите граѓани на Скопје. Досега оваа едукација ја посетиле околу 700 граѓани.
Она што е ново е можноста невработените бремени жени да посетат часови за бременост, порпдување и грижа за новпроденото за само 600 денари, а курсевите ги посетуваат двајцата родители и траат 2 месеци. Се учи се што е потребно, како да се грижите за бебето, капење, пресопбелкување, заспивање, доење, како да ја одржите и вратите килажата