Стујардеса од Велика Британија имала огромна среќа и тоа токму на денот на шегата – на 1 април два пати добила. Прво 800 евра на локално бинго а само неколку часа подоцна на лотаријата на Европската Унија добила неверојатни 1.18 милиони евра. Кога му кажала на момчето не и верувал – мислел дека е првоаприлска шега.
Кели Колдвел (29) која е стујардеса за компанијата EasyJet, кога видела дека добила огромна сума одлучила својата ќеркичка да ја води веднаш во дизниленд. Кога ја прашале со која авиокомпанија ќе оди рекла дека сигурно нема да избере low-cost компанија посебно не таа каде работи – туку ќе лета со прва класа.
Новопечените милионери прво планираат да си купат куќа бидејќи се уште живеат во куќата на мајката на Кели, а следно на список е одмор во Египет.
Еве како Кели реагира на добиените милиони