Во експлозијата на гас во дворот на семејната куќа на Хана и Дејв Брејн, истите се здобиле со тешки изгореници. Жената во времето на несреќата била во осмиот месец од бременоста, а лекарите не можеле да ја ублажат нејзината болка со морфиум.
За да го спасат животот на нејзиното неродено девојче, на жената без анестезик и била отстранета изгорената кожа, а потоа ја породиле, исто така без анестезик.
Минувајќи низ пеколот, Хана на крајот излегла како победник, породувајќи здраво женско бебенце, кое и покрај стравувањата дека можеби починало во утробата, откако не давало знаци на живот и не мрдало, сепак на крајот успеале да го вратат во живот.
Причина за експлозијата била неисправна плинска боца, а во истата повреден е и Дејв Брејн, таткото, на кого 40% од телото било зафатено во пожарот.
„Кога правевме скара, сите гости се приближуваа накај Хана да ја запрашаат за состојбата.
Оддеднаш се слушна силна експлозија, а тогаш цревото од плинската боца се запали. Успеавме да се оттргнеме само еден метар од огнот пред истиот да не зафати“, се присеќава Дејв на трагичниот настан тој ден.
Девојчето кое го крстиле Лекси денеска е прекрасно убаво и здраво шестмесечно бебе.