Директорот на железници: Најдете си преведувач или научете албански им рече на новинарите


Научете албански или обезбедете преведувач во редакциите, им порача директорот на Македонски Железници – инфраструктура Ирфан Асани, на новинарите од македонските редакции

09042013153009_Irfan Asani– Јас не можам да обезбедам превод, или вие како редакции обезбедете си преведувач, јас законски си зборев на македонски, ако сакате подоцна ќе би прераскажам за изјавата на косовскиот директор, вели  Ирфан Асани – директор на Македонски Железници, објави Канал 5.  .Иако новинарите по изјавата на гостинот од Косово кој иако имаше желба да говори на српски, сепак се обрати на албански, побараа официјален превод, Асани одговори дека тој си ја исполнил законската обврска со говор на македонски, а од новинарите побара редакциите да им обезбедат превод.

Директорот на државната компанија Македонски Железници – инфраструктура потпиша меморандум за соработка со Косовската железница – инфраструктура во рамките на јубилејот 140 години од основање на Македонски Железници.

Нова Македонија/Канал5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1