Чкембарите добиле забрана да навиваат во Скопје (Фото)


Во пресрет на најголемото Mакедонско фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Пелистер, кое што в сабота ќе се одигра со почеток во 19.30 часот, екипата на ФК Вардар испрати соопштение до клубот од Битола дека нивни навивачи нема да има на стадионот Филип Втори во Скопје.

Имено, во соопштението испратено oд страна на домашниот клуб до гостите од Битола стои:

ckembariФудбалскиот клуб ФК Вардар од Скопје ве известува дека не сме во можност да ги прифатиме вашите навивачи односно навивачката група Чкембари на предстојниот натпревар од 25. коло во ПМФЛ кој што се игра на ден 13.04.2013 со почеток во 19.30часот на националната арена „Филип Втори“ поради безбедносни причини и истите нема да бидат прифатени и ќе бидат вратени од стадионот.

Според пишувањата, забраната е поставена се со цел да се избегнат несакани инциденти пред и по натпреварот на овие две екипи, знаејќи го ривалитетот кој што постои помеѓу домашната навивачка група „Комити“ и гостинската од Битола, „Чкембари“.

Izvor – Sportklub.mk

ckembari

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1