За да бидете сигурни дека здраво се храните погрижете се во вашите чинии да се застапени сите бои на овошје и зеленук – не е за џабе овошјето со таа боја – еве што карактеристики доведуваат до бојадисување во одредена боја и како влијае на нашето здравје.
ВИОЛЕТОВА И СИНА БОЈА
Виолетовата и сината боја го одржуваат нашето срце здраво. Полифенолите и повторно флавоноид антоцијанот делува позитивно на кардиоваскуларниот систем, противвоспално со позитивно дејство на системот за мокрење и ја подобрува нашата концентрација и помнење.
Црвената боја го запира дејството на слободните радикали, делува антиканцерогено и антибактериски, подигнувајќи го вашиот имунолошки систем. За тоа се заслужни флавоноидите, антоцијаните и каротеноидите ликопени.
ЗЕЛЕНА БОЈА
Една од основните предности на зелената боја е хлорофилот, кој има антиканцерогено, противвоспално и фетоксикациско дејство (го подига pH нивото на телесна течност), со тоа е неизоставен дел на сите т.н детоксикациски терапии.
Портокаловата и жолтата боја ја враќаат виталноста на организмот, неопходни се за доро варење и силен имунолошки систем (голем дел од жолтите и портокаловите зеленчуци и овошја се богати со витамин Ц).
Каротеноидите ни се важни за здравјето на кожата и се добра примена за сончање и неизоставен дел од исхраната за здравјето на очите.
Хајд Парк