Советот на општина Кичево денеска ја одржа својата втора седница на која беше донесена одлука за укинување на трезорските сметки на општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица, пренесува МИА
Потоа беше донесена одлука за преземање на вработените и целокупното работење на општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица кои се припојуваат кон општина Кичево.
Седницата траеше триесетина минути и сите одлуки беа прифатени едногласно од страна на сите 23 советници колку што брои новиот состав на Советот на општина Кичево.