Студентски град ќе никне кај велешкото езеро – ќе го градат Индијци


Студентски град ќе се гради во Велес. Претставници од индиската корпорација CEL Global, веќе неколку пати беа во посета на локацијата кај езерото Младост каде што треба да никне балкански образовен кампус, соопштува во интервју за Лидер, Амреш Чандра, директор на компанијата.

ЛИДЕР:Изградбата на студентски кампус во Велес беше најавена уште минатата година. Во која фаза е реализацијата на проектот, и какви се содржини ќе има кампусот?

Candra-intervjuЦелта е да создадеме еден кампус, студентски универзитетски кампус каде што ќе се одвива целиот образовен циклус. Кампусот ќе содржи училиште за средно образование, универзитет за високо образование, колеџи за професионално образование и други образовни програми како на пример, професионален развој, корпорациска обука и други.

Кампусот е поделен на два дела – едниот за учење, каде што ќе се следат сите образовни програми и кампусот за живеење со два вида простори за живеење – еден за студентите и друг за професорите. Се одлучивме за Велес, затоа што, ако ги погледнете сите големи образовни кампуси во светот, ќе сфатите дека мошне битно е присуството на езеро во близина.

Го избравме и затоа што е многу блиску до меѓународниот аеродром, 15-20 минути возење до Велес, 35 минути возење до Скопје, а и локацијата е уникатна -мирна и тивка, добра за развој на студентски кампус.

Во моментов, проектот е се уште во фаза на општо планирање. Пред да ја развиете целата програма, мора да знаете какво место имате, каква просторна програма и колку колеџи и универзитети можете да вклучите во неа. Тоа го правиме во моментов и наскоро ќе и го предадеме конечниот извештај на Владата.

Идејата е да го изградиме проектот и да го популаризираме преку роудшоуа во Англија, Америка. Ангажиравме и компанија која треба да врши анкетирање на студентите. Тој извештај ќе биде готов и ќе ни го предадат за 60-тина дена. Треба да се направат уште многу други работи, истражувања за ставовите на студентите на Балканот, какво сместување претпочитаат, каков универзитетски кампус сакаат…

Нашата идеја е со сите рокови, до крајот на 2013 да ни се пријават првите неколку универзитети и заинтересираните за инвестирање. Значи, се работи на активно надградување на проектот до крајот на годинава, со цел некои компоненти од учењето да почнат пред септември 2014 година.

Целосното интервју на lider.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1