Градоначалникот на Сараево и амбасадорот на Македонија во Босна и Херцеговина се согласиле една улица, плоштад или културен центар во Сараево да го именуваат по Тоше Проески.
Македонскиот амбасадор Рами Реџепи ја покренал иницијативата на состанок со градоначалникот на Сараево Иво Комшиќ, кој го поддржал предлогот, истакнувајќи дека трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески бил хуманист и пријател на Сараево.
Комшиќ и Реџепи разговарале за меѓусебната соработка, планови за развој на Сараево и Скопје, како и развој на пријателските односи меѓу главните градови на Босна и Македонија, соопштија од управата на Сараево, пренесе „Дневни Аваз“.
sky